понеделник, 18 мај 2026

Затворот од 9 години за Боки 13 и 7 за Јанева потврдени од Апелацискиот суд

Објавено на

часот

Сподели

„Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Апелацискиот суд Скопје. 

Првостепената судска постапка за „Рекет” почна на 3 декември 2019 година.

Овој предмет беше најавен како еден од најголемите случаи во македонското судство досега.

По 36 одржани рочишта и неколку одложени, најчесто поради поплаките за лошото здравје на Боки 13, и 30 сослушани сведоци, беше изречена првостепената пресуда.

Второстепениот суд донесе одлука дека изречените пресуди од Основниот кривичен суд се законски и истите ги потврди. Со ова пресудата за Јанева и Јовановски е правосилна, по што тие ќе треба да започнат со издржување на затворските казни. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ