петок, 15 мај 2026

За 6 септември одложено судењето за случајот со Тенискиот клуб „Љуботен“

Објавено на

часот

Сподели

Теофиловски на првото рочиште за овој предмет изјави дека воопшто не се чуствува виновен и рече дека станува збор за монтирано обвинение. И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни.

Застапник на обвинението  е јавната обвинителка Милица Гаврилова.

Според обвинението, Зоран Теофилоски, како одговорно лице – претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Цветко Наумовски како одговорно лице – управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите Ајдин Нуредини како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими и Идриз Реџепи со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ