Според официјалната пресуда добиена од судот едно признание на вина, условна казна и судски паушал од 3.000 денари е казната за бетонско здание пред трговскиот центар.
Објектот почна да се руши веднаш по формирањето на новата влада минтата година откако претходно неколку месеци државата не можеше да го најде сопственикот.
За делото бесправно градење во ст.1 за кој беше обвинет Алити во КЗ е предвидено затворска казна од 3 до 8 години, но во конкретниот случај судот во пресудата утврдил дека може да му се ублажи казната ако се има предвид околноста дека обвинетиот претходно не бил осудуван.






