понеделник, 18 мај 2026

Судењето за „Титаник 3“ се враќа на почеток, укинати 3 и пол годишните затворски казни за Гури и Алими

Објавено на

часот

Сподели

„По одржана седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, стои во денешното соопштение од Апелацискиот суд Скопје.

Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3″, заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година.

Судијката Марија Клетничка при објавување на пресудата рече дека обвинетиот Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето.

Судската постапка за „Титаник 3″ двапати беше вратена од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка.

Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ