четврток, 21 мај 2026

Притвор за лекарката која за операција на катаракта барала по 200 евра

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителството, таа на 22 септември како специјалист за очни болести, вработена во ЈЗУ „Општа болница Куманово“- очно одделение во Куманово, директно побарала и примила пари за да изврши службено дејство што морало да го изврши. „Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства ѝ се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ пред да бидат извршени операциите, оштетените ѝ го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата.

Судот на осомничената ѝ определи мерка притвор во траење од осум дена“, соопшти ОЈО Куманово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ