Пред точно седум месеци, на 8 март 2021 година, „360 степени” ја објави првата од серијата истражувачки стории, во која обелоденија дека екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81 000 евра.
Тој тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити”, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барале ниту планираат да го користат софтверот за кој никој не ги прашал.






