понеделник, 18 мај 2026

Мијалков и експолициските „Алфи“ ослободени од обвинение за „Тортура“

Објавено на

часот

Сподели

Случајот „Тортура”, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО.

Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата ,,Алфи”.

Обвинителниот акт го застапува Љубомир Лапе. 

Судијката Александра Ристеска денес пред да ги ослободи од кривична одговорност обвинетите за овој предмет прочита и дел од обвинителниот акт, но посочи дека Обвинителството не ги докажало дејствијата.

Ова е второ рочиште на кое беше закажано изрекување на пресуда за овој предмет. Судот на 17 јуни веќе закажа изрекување на пресуда за овој предмет, но наместо одлука судијката го преотвори овој предмет со цел Обвинителството да ги докаже кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите.

Но, и денес судијката рече дека товарот на докажување е на самите странки и судот може само да ги цени доказите, а докажувањето е само на станата на Обвинителите. Според Судот ЈО не го допрецизираше начин на кој биле преземи дејствијата, како и употребата на прекумерна сила.

„Овој суд повторно е исправен пред истите дилеми со кои се соочи на 17 јуни, а Обвинителството се определи на 2 различни правни квалификации, дека Мијалков ги поттикнал соизвршителите, а односот помеѓу поттикнувачот и поттикнувачите е материјално-правна тематика. Обвинетиот не се определил за правна квалификација поттикнување на поттикнувачот. Останатите обвинети лица, освен Мијалков се теретат дека се наведени од Мијалков да употребат прекумерна сила врз Бошкоски. Според член 398 од ЗКП нужно мора да постои поврзаност меѓу обвинението и пресудата. Товарот на докажување е на страна на ЈО. Во конкретниот случај судот ги ценеше со исклучително внимание сите докази и не може да утврди поврзаност на одредени поттикнувачки дејствија на Мијалков со другите обвинети. Се работи за лична интерпретација на обвинетиот Мијалков која е по завршување на самиот настан. Па така постапувањето на Мијалков за судот е без јасно утврден тек. За останатите обвинети , сведоците не изнесоа факти кои се на линија на обвинението. На снимките се гледа дека секој обвинет презема различни дејствија кои не беа детално докажани од обвинителот, а не беше ни понуден доказ со кој може да се докаже дека во дејствијата на обвинетите има употребна на прекумерна сила”, рече судијката Ристеска.

Судот го зема предвид и однесувањето на Бошковски , а тој во присуство на своите бранители во ПС Автокоманда по апсењето немал забелешки во однос на постапувањето на сега веќе обвинетите лица.

Член 4 од ЗКП значи одлучување на начин поволен за обвинетиот , па така рече судијката Ристеска Судот ќе одлучи на начин поволен за обвинетите и ги ослободува од обвинение бидејќи обвинителот не докажа дека ги сториле кривичните дела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ