понеделник, 18 мај 2026

Кривичниот суд го штити Рашковски од обвинителството

Објавено на

часот

Сподели

Кривичниот суд вели дека нема таква забрана, па затоа кривичниот совет смета дека барањето на обвинителството е неосновано. „Мерката за обезбедување присуство – куќен притвор за осомничениот Д.Р. продолжена со решение на Кривичниот суд, а потврдeна од Апелацискиот суд, опстојува без дополнителна мерка за претпазливост – забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или забрана за употреба на средства за комуникација. Предлогот на јавниот обвинител за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор е поднесен заради непочитување на конкретната мерка за претпазливост кој во критичниот период воопшто не опстојува”, соопшти судот.

Но, Апелацискиот суд од пред неколку дена го објави и решението: „Се забранува на осомничениот Драги Рашковски да комуницира со лицата опфатени со кривично правниот настан, како и да употребува средства за комуникација“. Рашковски од 4 јуни е во куќен притвор.

Обвинителството за организиран криминал и корупција на 22 јули побарало притвор за Рашковски откако веројатно добило податоци дека зборувал со еден од осомничените во случајот со нелегалната набавка на софтвер. Во овој случај Рашковски како генерален секретар на Владата набавил софтвер за кој има сомневања дека всушност бил негова иновација.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ