„Не спорно е дека токму Кривичниот совет на овој суд, по добиена жалба на Јавниот обвинител, изјавена против решение на судија на претходна постапка, на 21 април 2021, ја уважил жалбата и мерката куќен притвор ја заменил со мерка ефективен притвор. Мерката притвор од Кривичниот совет на 20 мај 2021 година била продолжена за нови 30 дена, за на 4 јуни 2021 Апелацискиот суд – Скопје го укине решението на советот и да определи мерка – куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост. Но, на 2 јули 2021 година, по предлог на надлежниот обвинител, Кривичниот совет мерката куќен притвор ја продолжи без дополнителни мерки за претпазливост, кое решение на советот е доставено до јавниот обвинител и е потврдено од Апелацискиот суд Скопје.
Заради сето тоа, Кривичниот совет, водејќи се исклучиво по законските одредби и ценејќи дали е прекршена определената мерка која опстојува со решение во моментот на поднесениот предлог, донел одлука за одбивање на предлогот“, се вели во реакцијата на Основниот кривичен суд Скопје.






