петок, 22 мај 2026

Камчев се пожали: Me претресуваа со стегнати лисици легнат на трева додека другите затвореници ме исмејуваа

Објавено на

часот

Сподели

Според одбраната овој настан се случил на 5 октомври 2021 година, при спровод на Камчев од затворот Шутка до Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Согласно наредбата дадена од Судот, Камчев истиот ден бил спроведен во врска со предмет кој е во истрага.

„Во текот на спроводот спротивно на начинот и методологијата на спроведувањето на лица лишени од слобода на понижувачки и деградирачки начин Камчев е спроведен од затворот Шутка до просториите на Јавното Обвинителство за организиран криминал. Притоа, ваквото однесување на овластените лица кои постапувале по вашата наредба е надвор од Законот за полиција и не е во соодветност со правилникот за постапување на лица лишени од слобода. Должни сте да го испитате случајот, бидејќи Вие сте во моментов единствениот орган кој се грижи за основните слободи и права на Камчев. Доколку сакате и доколку сметате, околу фактичкиот настан, да ви објаснам, дека Камчев бил легнат на земја, јавно претресуван. Лисиците, тоа го виде и обвинителката, лисиците му беа толку многу врзани на задниот дел на телото што немаше крв во рацете, спротивно на Правилникот за постапување на лица лишени од слобода. Барам од вас да преземете дејствие и да се вклучите во постапката“, побара во своето обраќање адвокатот Менкиноски кој е дел од одбраната на Камчев. 

На ова се надоврза и Камчев кој додаде дека бил претресуван легнат на земја, во надворешниот дел на затворот: 

„Бев претресуван надвор од зградата, меѓу двете комбиња и се исмејуваа затвореници надвор, од прозорите, значи не во внатрешен дел, туку на трева. И прв пат ми беа лисиците позади грб врзани и стегнати и не можев да седам во комбето бидејќи клупата беше само 20-30 сантиметри и цело време се седеше на земја. Беше едноставно изживување . Толку сакам да кажам. Тоа се констатираше отпосле и со повредите на рацете и го пријавив настанот во Обвинителството“. 

Бидејќи, како што велат изживувањето врз Камчев континуирано продолжува, одбраната конкретно за овој случај ќе поднесе кривични пријави за овластените, одговорни лица кои го вршеле спроводот, ќе поднесе жалба до Народниот правобранител и ќе ја дополни апликацијата која е веќе испратена до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. 

„Тортурата и изживувањето кое се врши врз Камчев веќе станаа мета и на меѓународната јавност. За неговиот случај и третманот на кој е подложен Камчев овие седум месеци, декларирајќи го веќе како политички затвореник пишуваа досега три меѓународни, реномирани медиуми ,,EU Reporter”, ,,The European Post” и ,,The Times of Israel“. Се чини дека се погласните реакции на меѓународната јавност во кои отворено се зборува за случајот на Камчев и истиот се класифицира како изживување, некому не му се доволен сигнал дека на крајот ќе мора некој да одговара и да сноси сериозна одговорност за сиот незаконски третман, изживување и тортура“, се вели во реакцијата на одбраната на Камчев. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ