„Притвореникот е во добра здравствена состојба. Со медицинска документација и отпусно писмо е пуштен од Клиниката за кардиологија вчера и вратен во Истражниот затвор во Шутка. Овде има затворски лекар кој што е на располагање. Камчев не се пожалил на болки во градите, туку беше хоспитализиран на барање на неговите адвокати“, вели директорот Андов.
Адвокатите на Камчев кој што е обвинет во случајот со Плацевите на Водно секој ден го посетувале во притвор и побарале тој да биде однесен на лекарски прегледи поради гушење и болки во градите. Но, според лекарите тој сега е во добра здравствена состојба.
Камчев досега три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Иако понуди гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, Апелацискиот суд го одби барањето со образложение дека и натаму има опасност од бегство.
Камчев на 16 јули треба да седне на обвинителна клупа кога започнува судскиот процес против него.
К.Д.






