Јавниот обвинител Антонио Јолевски, на функцијата член на Советот на јавни обвинители дојде од Основното јавно обвинителство на Битола. Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата.
Од 1996 Јолевски е распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот. Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола. Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители.






