понеделник, 28 април 2025

Пратениците ќе паузираат уште една недела поради трагедијата во Кочани

Собранието ги откажува сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифингот со новинари поради трагедијата во Кочани, соопшти собраниската прес-служба.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката била донесена на денешната координација одржана во Собранието на која присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, Вреди, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Влада и генералната секретарка на Собранието.

„Присутните консензуално се согласија дека имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифингот со новинари“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ