Новата малопраодажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 69,5 денари за литар, еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, еуросупер БС – 98 за 75,5, а еуродизел БС (Д-Е V) за 70 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,480 отсто, кај дизелот за 1,760, кај екстра лесното масло за 5,965 и кај мазутот за 3,830 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,0496 отсто.






