четврток, 16 април 2026

Поништени огласите за членови на Судскиот совет и за избор на член на КСЗД

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ги поништи огласите за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на комисијата, Ѓорѓија Сајкоски изјави дека огласот се поништува и ќе биде повторно објавен поради немање услови за утврдување предлог-листа за член на Комисијата.

Комисијата претходно одржа јавна расправа со интервјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени беа седуммина кандидати, и тоа: Миле Стојановски, Кадрије Мустафа, Усеин Елезоски, Жаклина Дамческа, Кире Василев, Ирфан Лимани и Даниела Стојановска-Џинговска.

Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието, претседателот на законодавниот дом го објавил на 7 април, но поради технички причини тој не бил објавен ваб-страната на Собранието и поради тоа потребно е комисијата да го поништи огласот, објасни претседателот на комисијата, Сајкоски. Претседателот на Собранието ќе распише нов оглас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ