На новинарските прашања упатени до градоначалникот Јакимовски денес пред судот, тој наместо да одговори на новинарските прашања поврзани со судската постапка во која тој и неколкумина се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување како претходен градоначалник на општината Карпош, тој рече дека имал одлични менаџерски способности и дека прашањата упатени од страна на новинарите кон него биле ,,смешни“. Исто така, тој ги обвини новинарите дека денешното присуство на медиумите и новинарите на првото рочиште било оркестрирано од страна на ,,еден центар“.
ЗНМ и ССНМ во заедничкото соопштение потсетуваат дека градоначалниците се избрани функционери кои се платени од страна на граѓаните и тие имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај лична пресметка на јавни настани не може да биде оправдана.
„ЗНМ и ССНМ ги упатуваат засегнатите политичари да имаат поголема култура во јавната комуникација и односот со медиумските работници бидејќи новинарите служат да ја информираат јавноста а не да задоволат нечии партиски очекувања.
ЗНМ и ССНМ апелираат јавните личности, избраните функционери да се воздржат од изјави кои што на кој било начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности“, се додава во соопштението.






