Скопјани одиграа одлично прво полувреме, во кое наметнаа силно темпо и предводени од расположениот Валах на голот создадоа сигурна предност. Со серија ефикасни напади, Вардар постепено ја градеше разликата и на паузата замина со убедливи 17-12.
Во продолжението домашниот тим стигна и до највисоки „плус седум“ (20-13), со што се доближи до анулирање на вкупната негатива. Сепак, следеше пад во играта и неколку грешки во нападот, што Монпелје го искористи за да ја намали разликата и да ја задржи контролата во двомечот. И покрај обидите во финишот, Вардар немаше сили за целосен пресврт, па францускиот тим обезбеди пласман понатаму со прифатлив пораз во Скопје.
Најефикасен кај Вардар беше Малус со шест гола, додека Валах блесна со 18 интервенции. Кај Монпелје се истакнаа Вилемино, Ришер и Плантан.






