вторник, 5 мај 2026

Арсенал е првиот финалист во ЛШ, Сака е херојот на топчиите (ВИДЕО)

Арсенал со 1-0 го победи Атлетико Мадрид и со вкупни 2-1 се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите, херој на топчиите беше Букајо Сака кој го постигна единствениот гол.

Објавено на

часот

Сподели

Како и што се претпоставуваше, на мечевите меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид немаше многу голови, ниту пак многу шанси, но имаше машка, храбра игра, многу пасија и борба до последниот атом од силите.

Единствениот гол се случи во 44. минута кога Букајо Сака постигна гол по една одбиена топка од Облак и даде гол за водство на Арсенал од 1-0, што се покажа и како конечен резултат.

Атлетико Мадрид имаше неколку прилики, но одбраната на Арсенал изгледаше совршено добро.

Голема шанса имаше Ѓокереш, но напаѓачот на Арсенал пропушти да даде гол. За негова среќа тоа не се покажа како кобно за Арсенал.

Во финалето Арсенал го чека подобриот од дуелот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ. Францускиот тим има предност од 5-4 по првиот натпревар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ