вторник, 5 мај 2026

Димитриевски отвора прашања: Дали имало тајни договори за враќање на Груевски?

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Топ Тема отвори низа прашања поврзани со процесите околу екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски.

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски посочи дека темата со години останува без јасни одговори, обвиена со политички молк и недоследности. Според него, наместо транспарентност и институционална доследност, јавноста е сведок на променливи ставови и недоречени објаснувања, што отвора простор за сомнежи околу начинот на водење на клучните политичко-правни процеси.

Тој јавно постави прашања дали во кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски, во присуство на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Артан Груби, се разговарало за можни сценарија за враќање на Груевски во државата во замена за амнестија.

Воедно, Димитриевски праша дали постојат записи или стенограми од тие средби и дали тие се кријат од јавноста. Тој отвори дилеми и околу можни договори меѓу СДСМ и ДУИ за законски измени во Кривичниот законик, како и за наводно „УСБ-стикче“ кое, според неговите тврдења, циркулирало на релација Будимпешта–Скопје.

Дополнително, беше поставено и прашањето за одговорноста за заминувањето на Груевски од државата, односно дали институциите утврдиле конкретна вина за тој пропуст во периодот кога власта ја предводеше СДСМ.

Според Димитриевски, наместо расчистување на овие прашања, јавноста со години се соочува со политички дефокус и меѓусебни обвинувања, додека суштинските дилеми остануваат без одговор.

Од Движењето ЗНАМ велат дека не прифаќаат „политика на фиоки“ и селективна правда, нагласувајќи дека евентуалните материјали поврзани со случајот треба да бидат јавно достапни, бидејќи, како што наведуваат, вистината е право на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ