Од Заводот велат дека во последните три дена пописните активности на терен се одвиваат непречено.
Во помалите пописни реони низ државата веќе се привршува со попишување на населението и се прават последни завршни проверки, соопшти вечерва Државниот завод за статистика.
Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен, нагласува Заводот.
Државниот завод за статистика наведува дека со сиот расположлив потенцијал се работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за попис.
Инаку, деновиве има бројни реакции од граѓани кои велат дека попишувачи не ги посетиле нивните домови или дека иако биле дома, добиле известување да отидат во канцеларии на општината на која припаѓаат и да ги дадат податоците за попишување.






