сабота, 2 мај 2026

Заев: Ставаме крај на хаосот во Охридскиот регион и ги спроведуваме препораките на УНЕСКО

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска сме тука за да ја посведочиме сериозната посветеност на Општина Охрид во исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето. Тоа е веќе сосема видливо на терен. Општина Охрид, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт, покажа волја, капацитет и подготвеност за спроведување на нејзините обврски за отстранување на бесправните градби на плажите“, рече Заев.

Тој потенцира дека е во тек процес со кој се става крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас.

Заев оцени дека интензивно се спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите и дека увидел оти е извршено посипување со автохтон песок на неколку локации. 

Градоначалникот на Охрид потенцира дека општината за активностите добива целата поддршка и асистенција.

„Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат. Како дел од задачите понатаму, што произлегуваат од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, предвидени се активности што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на регионот и за зајакнување на институционалниот капацитет за управување со светското природно и културно наследство“, рече градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ