сабота, 2 мај 2026

Забрчанец: Го задржавме првото место во регионот според транспарентноста

Објавено на

часот

Сподели

Според зборовите на Забрчанец, македонската Владата покажала високо ниво на политичка волја да ги отвори институциите и да воспостави правила и стандарди со цел транспарентноста понатаму да не зависи од политичката волја и од тоа кој е на власт.

Тој укажал и на алатките за обезбедување отвореност и транспарентност на Владата и дека во време на ковид – кризата беа отворени веб страници со едукација за мерките за заштита, со дневни статистики, како и за јавните набавки поврзани со пандемијата.

„Ја подобривме дигиталната комуникација, а и по завршувањето на пандемијата ќе продолжиме да ги користиме овие алатки. Ние сме прва Влада во регионот, а можеби и во Европа која воведе прес-конференции преку онлајн видео врски, на кои можат да учествуваат сите регистрирани и акредитирани новинари и директно да поставуваат прашања. На овој начин и на новинарите од медиумите од внатрешноста им овозможивме директна комуникација со Владата”, нагласил Забрчанец.

Одговорното владеење значи постојано унапредување на отвореноста и отчетноста на институциите и со тоа кај демократските власти не смее да има компромис, нагласил Забрчанец.

За практичното спроведување на принципите на транспарентност и отчетност на извршната власт говореле и претставници на владини институции и на невладини организации од Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ