Дали ова се истите тие депонии за кои актуелниот градоначалник вели дека се исчистени. Ова е реалната слика за Скопје денес. Град кој се дави во смет и диви депонии. Постојани контроли, инспекции и грижа да не се појават повторно, треба да биде секојдневна обврска на градот. Чистењето на градот и околината од дивите депонии е еден од приоритети на Програмата на Данела Арсовска, За модерно Скопје.
“До мене секој ден пристигнуваат фотографии од депонии од различни локации. Некои од нив секојдневно се палат, го загадуваат воздухот, почвата и подземните води и ги загрозуваат нашите животи. Ваква не смее да биде иднината на Скопје и скопјани. Токму затоа чистењето на депониите е еден од приоритетите во мојата програма. Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, вели Арсовска.






