Во останатите делови од земјата утринските температури се движеле од 3 до 8 степени, при што најтопло било во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци и Гевгелија.
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Крива Паланка (4 l/m²), потоа во Пожаране (3 l/m²), како и во Крушево и Маврови Анови (по 2 l/m²).
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд претпладне, особено во западните делови. Попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој на одредени места ќе достигнува и над 60 km/h. Максималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен.






