недела, 3 мај 2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, наведува ЈП „Македонија пат“ и ги потсетува учесниците во сообраќајот дека сите детални информации можат да ги добијат на телефонот 02  25 61 502.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ