„Три години подоцна, од страна на државата овој проблем не е решен. Околу стотина луѓе сѐ уште живеат во вакви услови. Заради ова, европратеникот и параолимпиец Давид Лега поднесе иницијатива до Европскиот парламент за проблемот да биде нотиран во годишните извештаи на Европската Унија. Во април годинава, Европскиот парламент одлучи да побара затворање на институциите, како што е Заводот во Демир Капија и ова барање стана услов за интеграција во Унијата. За ваквиот случај се пишуваше континуирано во шведските медиуми, додека режимските контролирани медиуми во Македонија пишуваа само за таканаречениот спор со Бугарија. Мелодрамата за бугарското вето, подготвена од политичката елита и актуелизирана преку нивниот пиар, е само обид за прикривање на бројните криминални и коруптивни скандали на оваа власт, заради кои не можат да се отпочнат преговорите со ЕУ“, се вели во реакцијата од партијата.
Едноставно, политичкиот естаблишмент нема ниту желба, ниту капацитет, за решавање на реалните проблеми, како што се корупцијата, социјалниот систем, владеењето на правото, бидејќи токму преку нивното разорување, тие успеваат да останат на власт, додаваат од Левица.
[video:https://youtu.be/rffIJWGid1w autoplay:0]





