петок, 1 мај 2026

Во „Шпанско село“ нема судир на интереси, утврди Антикорупциската комисија

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска информираше дека овој случај го поделиле на две дела, финансиски дел и дел за имотот. Во однос на првиот таа изјави дека утврдиле дека не постојат наводи, односно дека има конкурентност и дека имало електронска аукција. Во однос на парцелите, пак, Ивановска наведе дека од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош, е утврдено дека имотите се купени уште од 2014 година.

„Не е нешто ново што се случува. Исто така и од инспекцискиот надзор извршен од Општина Карпош е утврдено дека објектите горе се градат според одобрение за градење издадено во јули 2017 година, т.е пред локалните избори. Дека конструкцијата е изградена согласно одобрената техничката документација, односно основниот проект фаза архитектура, градежништво, водовод и канализација. Од тие причини не гледам дека постои некаков судир на интереси како што беше наведено во пријавата. Станува збор за приватни лица, а не за службени лица во време кога се купувало земјиштето. Сѐ е уредно пријавено во анкетните листови и предлагам целата постапка за запре и предметот да се затвори“, рече Ивановска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата пријава до Антикорупциска комисија обвини дека семејството на сопругата на министерот Филипче, Савевски и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и косоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012 година до 2019 година. Освен со газдата добитник на тендери од Министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека семејството на Филипче било косопственик и со директорот на Ургентен центар, Илир Хасани на друга парцела во Нерези.

Инаку, на денешната седница на Антикорупциска комисија, беа затворени некои предмет од општински карактер, односно за членови на општински совети, кои освен на оваа јавна функција биле и членови на одбори на училишта и социјални центри. Според тврдењата на членовите на ДКСК, по нивното укажување дека тие треба да изберат една од двете функции предлозите биле прифатени.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ