вторник, 5 мај 2026

Во „Киро Дандаро“ отпечатени 1,6 милиони ливчиња за вториот изборен круг

Објавено на

часот

Сподели

„Печатницата го изработи материјалот за првиот круг без никаква грешка, и избирачките ливчиња беа дистрибуирани во најкус можен рок. За вториот круг има помалку материјал кој исто така е исклучително квалитетен со 20 видови заштита и без можности за фалсификување“, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Тој исто така информираше дека за вториот изборен круг се ангажирани над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблеми од употребата на апаратите за отпечаток од прст.

„Лично сметам дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на фингерпринт, во вториот круг ќе биде подобрена за што ДИК спроведе дополнителна обука. Но, ние за вториот круг ангажиравме над 400 лица кои ќе ги има на гласачките места и ќе бидат задолжени за техничка поддршка и помош со цел да нема пречки во процесот на гласање. Првото искуство ни овозможи во вториот круг да влеземе поподготвени, а и избирачкиот материјал е помал“, рече Даштевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ