вторник, 5 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја релативизира бугарската негација на Македонија

Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев потврди дека е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Филипче кажа дека ‘Бугарија не го негира идентитетот на Македонија’ и покрај отвореното негирање на Бугарија на идентитетот, на Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот, Филипче ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

Тоа е доказ дека СДС на чело со Филипче е конзистентен во предавничките политики исто како и неговиот гуру Заев.

Филипче нема црвени линии и заборава дека токму тој став и погрешната политика на отстапки на СДС, Заев и останатите во минатото ја доведоа државата во состојба на константни уцени и блокади од Бугарија.

Додека Филипче ја убедува јавноста дека ‘нема проблем’, во позадина е спремен на се и секакви отстапки кои директно удираат врз македонските интереси.

Токму затоa Филипче и СДС од една страна се претставуваат како проевропски додека соработуваат со проруски бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Дака.

Филипче и СДС се проевропски само кога тоа им треба како во кампања кога ветуваа бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето тоа добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ.

Филипче и СДС се проевропски само кога прават злоупотреба на европско знаменце во Собранието, а во реалноста делеа тендери, државјанства и вдомуваа луѓе блиски до Путин.

Додека СДС и Филипче се продаваат како проевропски, владеењето на СДС беше обележано по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.

Покрај Онишченко, кого СДС  го вдомија во државата и му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.

Неопходна е јасна стратегија и јасен план за интеграцијата на државата, со прецизно дефинирани државни позиции кои ќе бидат доследно бранети и почитувани. СДС и Филипче не го нудат тоа и немаат црвени линии“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ