петок, 1 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Заев најмува негатори на македонскиот идентитет, како Рајчев да му прават анкета

Објавено на

часот

Сподели

„Рајчев е главен идеолог за идејата на отворање на бугарски универзитет во Скопје, тој во интервју за бугарски медиум кажа: „Наш интерес е тие да знаат за Бугарија. Зошто, на пример во Скопје да нема бугарски универзитет?”

Рајчев е човек со докажани антимакедонски позиции, и ја негира македонската посебност, национален идентитет, јазик и култура. 

Нема анкетар кој ќе ги застапува тезите на Заев и ќе фризира податоци, па мора да прибегнува кон најмување на најголемите противници на македонското постоење.

По оваа денешна анкета гледаме дека Заев е толку очаен што е спремен да плаќа и негатори на македонскиот идентитет само за да создава привидна реалност“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ