„Одговорот на црната кампања е зголемена излезност. Тажен ден за недемократската власт на Заев, силен ден за волјата на народот кој се одлучи за промени и нова иднина. Власта на Заев го покажа своето недемократско лице. Видовме како изгледа власт која паѓа, која ги злоупотребува сите државни полуги, само да ја задржи власта. Вакви злоупотреба на државните институции досега не е видена. Изборниот процес мина со нерегуларности, нарушување на процесот, а тоа е доказ дека СДСМ е во паника“, рече Митева.
На прес-конференцијата таа кажа дека вчера имало ширење на пропаганден материјал од страна на активисти на СДСМ. Исто така, имале информација за поткуп во Радовиш, Пробиштип, Ѓорче Петров и други општини. Вчера, како што кажа била нападната новинарска екипа, а денеска друга новинарска екипа била спречена да информира од избирачко место.
„За сите дејствија ги информиравме сите меѓународни институции. Она што е најважно, изборите минаа со голема излезност. Веруваме во победа“, изјави Митева.
Одговарајќи на новинарско прашање за резултатите, таа рече дека очекуваат победа и во Скопје и во сите други општини.






