„Заев знае дека пропаѓа нема општина каде СДСМ и нивните градоначалници направиле нешто, некој капитален проект или спровеле некоја мерка за сите.
Градоначалниците на СДСМ исто како и Заев се фрлени на крадење, па наместо да работат штанцаат тендери, каде цените често се и двојно поскапи од пазарните.
Сите видоа како Марин плаќал и по 250 евра за обрач за кош, Шилегов скоро 1 милион евра повеќе противпожарно возила споредено со Загреб, а Наумоски од Ѓорче Петров 25 илјади евра за две машини за перење. СДСМ ништо не сработи и затоа пропаѓаат. На есен ги очекува огромен пораз“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






