По победата на Беса во директната пресметка со ДУИ во Тетово, веќе се очекува дека партијата на Биљал Касами веќе од утре ќе се приклучи на опозициските пратенички групи.
Ако Владата досега дишеше на кислород, од вечерва е на респиратор, изјави вечерва Трајко Славевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на ТВ Телма.
Од Алијанса за Албанците велат дека власта веќе нема легитимитет да ја води државата, и дека ДУИ конечно е поразена.
Поразивме режим со фингер принт, рече Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев нека си ја спрема оставката. Да не гледаме патетики пред Централниот одбор на СДСМ каде што тој поднесува оставка, па не му ја прифаќаат, сапуници кои што ги гледавме со Венко Филипче. Народот ја испорача сметката и народот кажа дека Зоран Заев треба да си замине“, додаде Ѓорчев.






