петок, 1 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ го прослави роденденот со нов слоган „Македонија за сите луѓе”

Објавено на

часот

Сподели

„Трпела удари, силни удари, неправди, стигматизации, но никој не може да каже дека не била авангарда, градител на модерните текови, носител на решенијата потребни на луѓето на Македонија. И никој нема право да каже дека не сме се бореле за Македонија. Сме се бореле и ќе се бориме затоа што Македонија е нашето се”, порача Мицкоски. 

Говорејќи за она што го направила партијата, тој рече дека нови позитивни ветришта доаѓаат, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводи промените кои во Македонија ќе создадат она што сега насушно треба, а тоа е систем. Ја критикуваше власта дека со своето однесување довела до тоа во Македонија да има граѓани од прв и граѓани од втор ред. Но, порача дека „Македонија за сите луѓе” е новото кредо на партијата и новата политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски го најави новото визуелно ребрендирање на партијата, со црвена, црна и жолта боја, а потоа и на осум, како симбол на, како што рече, нивниот патриотизам и обединување. Тој ги повика сите кои своите идеали ги наоѓаат во десниот политички спектар на Македонија и тоа од мекиот центар, до крајната десница да се здружат зашто така „ќе нема кој да ги победи”. 

„А знакот на успехот, на штиклираното одобрување, значи потврда за нашата решеност и преданост кон идејата, но и приказ дека сме сложни и дека никој не може да не скрши кога сме обединети. Со знакот се симболизира и почетокот на нашата борба, падовите кои ги имавме овие триесет и една година, но и издигнувањата и успесите за кои се бориме, исправањето на партијата и исправањето на државата, кое ќе го обезбедиме. Нашата иднина е економски развиена држава членка на Европската Унија и НАТО”, изјави тој.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетува населените места и градови каде ќе зборуваат за политиките, додавајќи дека нивниот слоган е „Македонија за сите луѓе”.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ