„Дури 10 градови во државата бројат помалку од 7 илјади жители. Досега во Македонија има 7.019 починати од ковид-19. Тоа е повеќе од бројот на жители на дури 10 градови. Демир Хисар има 2.593 жители, од ковид-19 починале 7.019, или скоро 3 населени места како Демир Хисар. Демир Капија има 3.275 жители, од ковид-19 починале луѓе колку две населени места со големината на Демир Капија. Пехчево има 3.237 жители, односно два пати помалку од бројот на починати од ковид-19. Македонски Брод има 3.740 жители, двојно помалку од бројот на починати од ковид-19. Валандово има 4.402 жители, за време на пандемијата исчезнало цело населено место 1.5 пати поголемо од Валандово.
Македонска Каменица има 5.147 жители, а од ковид-19 починаа 7.019 луѓе. Одамна изгубивме град поголем од Македонска Каменица како последица на ковид-19. Крушево има 5.330 жители, а од ковид-19 починаа 7.019 жители до денес. Богданци има 6.011 жители, или за 1.000 помалку од бројот на починати од ковид-19. Кратово има 6.924 жители, и цело едно Кратово исчезна во оваа пандемија. Од пред неколку дена бројот на починати од ковид-19 го надмина и бројот на жители на Берово, кое брои 7.002. Овие 7.019 луѓе кои починаа од ковид-19 можеа да бидат спасени ако Заев и Филипче беа одговорни и се грижеа за здравјето на луѓето, а не за своите провизии, кои сакаа да ги наплатат дури и преку вакцини. Овие 7.019 починати луѓе одат на директно на совеста на Заев и Филипче. Заев и Филипче никогаш повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






