„На свеченоста исполнета со многу емоции, културно богатство и заедништво, присуствуваа голем број наши сограѓани, пријатели од земјата и странство, градоначалниците на соседните општини, како и претставници на државни институции, верски заедници и невладини организации, со што уште еднаш се потврди почитта и угледот што го ужива нашата заедница“, информираа од секторот за односи со јавност.
Во пригодното обраќање градоначалникот Онер Јакупоски ја истакна важноста на овој датум, осврнувајќи се на постигнатите успеси и визијата за иднината.

„4-ти Мај е симбол на нашата опстојност, на нашиот труд и на нашата љубов кон овој прекрасен крај. Денеска славиме сè што сме изградиле заедно и ветуваме дека ќе продолжиме да работиме посветено за подобар живот на сите наши сограѓани, чувајќи го нашето единство како најголема вредност“, истакна меѓу другото Јакупоски.
Посебен момент на манифестацијата беше оддавањето признание на пријателите на оваа Општина од Република Турција.
„Во знак на благодарност за одличната соработка и поддршката, беше доделена почесна плакета на заменик градоначалничката на Општина Борнова, Дујгу Болук. Овој чин е потврда за силното пријателство помеѓу нашите две општини, кои преку континуирана соработка градат мостови на разбирање и напредок“, наведуваат од секторот.
Прославата беше збогатена со културно-уметничка програма, подготвена од учениците од општинските училишта, со традиционални ора и изворни песни од реканскиот и мавровскиот крај.
„Тоа уште еднаш потсети дека младите се најголемите чувари на нашата културна оставнина. Овогодинешното одбележување на Денот на општината заврши со порака за просперитет и желба следната година да се сретнеме со уште поголеми успеси“, посочуваат од секторот за односи со јавноста на оваа Општина.






