Во телефонско интервју за Фокс њуз, Трамп кажа дека иранските преговарачи во моментов се „многу пофлексибилни“ отколку порано, што би можело да укаже на промена во дипломатските односи меѓу двете земји.
Иако и претходно упати слични закани, вклучително и објава на социјалните мрежи минатиот месец во која изјави дека „би можел да ја уништи целата цивилизација “, овој пат неговите изјави доаѓаат во контекст на специфични воени активности кои би можеле да го тестираат продолженото примирје меѓу САД и Иран.
Според објава на платформата Трут соушал, американската војска уништила седум ирански брзи чамци во теснецот денес попладне, откако Техеран наводно таргетирал бродови кои се обидувале да поминат низ таа морска рута.
Во интервју за Фокс њуз Трамп истакна и дека гледа два можни правци за понатамошен развој на ситуацијата: постигнување договор или продолжување на воените операции.






