недела, 3 мај 2026

Владата за писмото на Јадран филм: Не коментираме судски процеси во тек и судски одлуки

Објавено на

часот

Сподели

Во одговорот на портпаролот на Владата се вели дека на седница одржана на 26 февруари 2019 година управниот одбор на Агенцијата за филм на Република Македонија донесе одлука за раскинување на Договорот за финансирање на проектот  „Македонија“. „После ваквата одлука продуцентот ‘Јадран филм’ ДООЕЛ Скопје покрена две судски постапки пред Oсновниот граѓански суд Скопје. Едната е по тужба со правен основ укинување на клаузула за правосилност, а втората е тужба со правен основ поништување на одлука на Управниот одбор од 26.02.2019 година. Првата е во фаза на постапување пред првостепен суд и по неа сѐ уште нема пресуда. За втората тужба првостепениот суд донесе одлука да ја одбие и со тоа ја потврди одлуката на УО за раскинување на договорот за финансирање“, се вели во одговорот на македонската Влада.

Во отвореното писмо до премиерот Заев хрватската продуцентска куќа бара спроведување на правосилни пресуди на македонските судови во врска со спорот за снимањето на ТВ серијата „Македонија“.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ