„Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија и информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, во кој се констатира дека земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, и дека властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ“, соопшти владината прес-служба.
Комисијата, појаснуваат, ги повика земјите членки без одлагање да ја усвојат Преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција, и укажа дека одложувањето на официјалното започнување на пристапните преговори има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.






