
Информацијата за МИА ја потврдиле службите на Европската Комисија, но програмата на посетата сѐ уште се финализира. Сепак, извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев со кого ќе разговара за спорот со Бугарија.
Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде и со државниот врв во Софија разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.






