сабота, 2 мај 2026

Вархеји дојде и си замина, никој ни го виде ни го слушна

Објавено на

часот

Сподели

Ако не беше долго најавувана посетата на Вархеји, за неа јавноста ќе дознаеше само од објавите на Твитер. Според објавите, средбата се одржа во Клубот на пратениците. 

„Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, со кого отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината”, објави Владата изјава на Заев на Твитер.

И Вархеји се огласи на социјалната мрежа: 

„Среќен сум што се вратив во Скопје на целосна дискусија со премиерот Заев. Се согласивме за брз почеток на имплементирање на проектите од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан за зајакнување на економскиот развојна Северна Македонија и регионот”, напиша Вархеји. 

И тој, како и македонската Влада го очекува самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и додава дека Западниот Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, а иднината на регионот, вели е во ЕУ. 

„Разговаравме како да постигнеме напредок во отворањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија”, напиша Вархеји. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ