Еврокмесарот Вархеи нагласи дека лидерите собрани на самитот ЕУ – Западен Балкан „ќе потврдат и јасно ќе кажат дека се посветени на целосната интеграција и членство на Западен Балкан во ЕУ.
„Задоволен сум од фактот дека Економскиот и инвестицискиот план, кој изнесува една третина од БДП на регионот или околу 30 милијарди евра, веќе почна да се спроведува. Тоа ќе ја забрза вистинската интеграција на општеството и економијата на Западен Балкан со ЕУ,“ подвлече Вархеи.
Претгседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно изајави: „Сакаме да испратиме многу јасна порака, а тоа е дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ. Ги сакаме во ЕУ. Ние сме едно европско семејство. Ја делиме истата историја, вредности и убедена сум и иста судбина“.
Фон дер Лајен нагласи дека членките на ЕУ сакаат интеграција на Западен Балкан бидејќи знаат дека тоа е добро и за Западен Балкан и за ЕУ.
„Имаме заеднички интереси и заеднички можеме подобро да се развиваме. Интеграцијата на Западен Балкан во заедничкиот пазар мора да напредува. Мојата порака до Западен Балкан е – ние ве сакаме во ЕУ, продолжете со реформите, целта е пред очи“, рече претседателката на Европската комисија.






