петок, 8 мај 2026

Условна казна затвор за коментар со омраза на Фејсбук страницата на ЗНМ

Објавено на

часот

Сподели

Тој на Фејсбук страницата на ЗНМ на 28 јули напишал вулгарен коментар со омраза со следната содржина: „Племе да ви еб*м новинарско, пи**и лажговци задолжителен затвор за секој новинар кој шири паника овие година и пол, сечење јазик на секој новинар“.

ЗНМ за овој коментар на 16 август поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат па компјутерски систем и за предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Во барањето за кривично постапување од ЗНМ се аргументира фактот дека ваквите коментари претставуваат кривично дело, но и дополнително се укажува дека преку евентуалната неказнивост на истите се отвора простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите што може да резултира и со насилство.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ