петок, 8 мај 2026
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Почина Ирена Радовановиќ, новинарка на МИА

По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика.

Објавено на

часот

Сподели

Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година, каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2004 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на дневниот весник „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Работела и во политичките неделници: „Форум“, во весникот „Дневник“ и во Радио „Слободна Македонија“.

Дел од тимот на новинската агенција МИА станува во 2014 година, како новинар во внатрешно-политичката редакција и новинар-аналитичар.

„Со нејзиното заминување, МИА и македонското новинарство загуби посветен професионалец, кој трајно ќе остане запаметен“, се простуваат со Ирена Равовановиќ, нејзините колеги од информативната агенцијата, изразувајќи сочуство до семејството.

„Си замина нашата Ирена. Се боревме година и половина. Тешко, со болка, но и со надеж. Мала, но надеж. На крај, се предаде. Така, има години, месеци и денови кои се баш тешки. Овие се токму такви“, напиша на Фејсбук директорот на МИА, Дарко Јаневски.

Погребот ќе биде утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот (капела во 10:30).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ