„Проблемите се надминуваат, а може да се потврди дека во мал број на избирачки места имаше определени технички проблеми. Но генерално гласањето се одвива нормално. На некои места се пријавени проблеми со уредите за отпечаток со прст. Главно станува збор за проблеми со логирањето, односно внесувањето на лозинките. Меѓутоа, технички лица интервенираат и проблемите се надминуваат“, вели портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.
Таа додава дека над 400 лица се ангажирани за техничка помош, но дел од проблемите, како што нагласи, може и со телефонски упатства да се надминат и главно од утрово на тој начин се решаваат проблемите.
Инаку, како што и портпаролката потсети, доколку некаде гласањето започнало со задоцнување, aко е над еден час, вза толку време ќе биде продолжено гласањето, но не повеќе од три часа.
Доколку има поголем број на избирачите пред гласачкото место, а имајќи ги во вид здравствените протоколи поради коронавирусот, еден член на избирачкиот одбор ги насочува гласачите за влез на избирачкото место. Препораката е колку што има гласачки кутии, толку и гласачи во еден момент можат да бидат на гласачкото место.






