Инаку, опозициската коалиција договори соработка со ВМРО-ДПМНЕ за одделни општини, а денешната средба со Арсовска може да биде најава дека Алијанса/Алтернатива нема да истакне кандидат на изборите за градоначалник на Скопје, но претставува и најава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи независната кандидатура на Арсовска.
До средбата дојде малку време пред најавената прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која беше речено дека ќе биде истакнат ставот за градоначалничката трка за Скопје.






