петок, 1 мај 2026

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

Полициски службеници од Министерство за внатрешни работи, Сектор за меѓународна полициска соработка, во координација со Основно јавно обвинителство Скопје, вчера во 15:30 часот во скопското село Визбегово, скопско, го лишиле од слобода А.Џ.А. (26) од Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, лицето било баранo со меѓународна потерница распишана од Турција, по што е предадено на надлежното обвинителство и изведено пред Основен кривичен суд Скопје.

На лицето А.Џ.А. му е одреден екстрадициски притвор во редовна постапка и е спроведен во КПУ затвор Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ