петок, 1 мај 2026

ЗМАИ: Напредокот во неонаталната грижа покажува дека системски промени се можни и во македонското здравство

Македонија во последната деценија постигнала исклучително значајно намалување на смртноста кај новороденчињата и децата до 5 години, се вели во анализата на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ), која е дел од проектот Converge2EU.

Објавено на

часот

Сподели

Според анализата, неонаталната смртност во Македонија се намалила од 8,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца во 2016 година на 1,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца во последните години. Со ова, земјата не само што се доближила до просекот на Европската Унија, туку во овој индикатор бележи и подобри резултати од европскиот просек.

Овој успех е особено значаен бидејќи во други здравствени области, како што се бројот на лекари и должината на животниот век, Македонија и понатаму се оддалечува од европскиот просек. Сепак, намалувањето на смртноста кај новороденчињата и децата до 5 години покажува дека позитивни промени се можни и во македонскиот здравствен систем, доколку постои јасна цел, координирана работа и соработка меѓу сите страни: експертската јавност, институциите, здравствените работници, меѓународните партнери и политичките чинители, се вели во анализата.

„Напредокот не е резултат на една изолирана мерка, туку на подолгорочна системска трансформација која вклучува обука на здравствениот кадар, стандардизација на протоколите во родилиштата, унапредување на перинаталната грижа и подобрување на пристапот до услуги за мајките, новороденчињата и ранливите групи. Значајна улога во овој процес имаат институциите, како и меѓународните партнери, меѓу кои UNICEF, WHO и UNFPA… Трансформацијата најчесто не се гледа само во индикаторите, туку во секојдневните искуства на семејствата. Кога прегледите, советувањето и грижата за мајката и новороденчето стануваат навремени, достапни и сигурни, тогаш системската промена станува дел од нормалниот живот“, се наведува во анализата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ