„Во чест на кралот и кралицата на Обединетото Кралство, кои денес ја напуштија Белата куќа и се враќаат во својата прекрасна земја, ќе ги укинам царините и ограничувањата за виски, кои се однесуваа на можноста Шкотска да соработува со американската држава Кентаки во производството на виски и бурбон“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.
„Кралот и кралицата успеаја да ме поттикнат да направам нешто што никој друг не успеал, притоа речиси не мораа ни да ме прашаат. Беше голема чест да ги угостам во САД“, додаде тој.
Според претходна одлука на Трамп, увозот на виски од Британија во САД подлежи на царина од 10 проценти.






