петок, 1 мај 2026

Форум за образовни промени: На тетовскиот универзитет најбитно е кого познаваш, а не колку знаеш

Арбреша Беџети Ферати, ангажирана на Медицинскиот факултет и истовремено сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, успеала да биде унапредена во академски звања спротивно на повеќе од 15 законски и статутарни одредби, утврдил и Државниот просветен инспекторат. Ова го соопшти Форумот за образовни промени кои сметаат дека голем број органи во рамките на Универзитетот во Тетово се вклучени во противзаконско академско унапредување.

Објавено на

часот

Сподели

За Форумот спорно е што наставно-научниот совет на 8 април одлучил на тамошна професорка да ѝ се додели академското звање редовен професор.

„Овој случај е показател дека процесот на унапредувањата повеќе нема никаква врска со тоа колку знаеш, туку кого познаваш. Арбреша Беџети Ферати, ангажирана на Медицинскиот факултет и истовремено сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, успеала да биде унапредена во академски звања спротивно на повеќе од 15 законски и статутарни одредби, се вели во извештајот на Државниот просветен инспекторат. Ова го овозможиле неколку органи, меѓу кои Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, Сенатот на Универзитетот во Тетово и рецензентската комисија“, изјави Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени -Тетово.

Тој соопшти дека информациите ги добиле од Државниот просветен инспекторат со барање до слободон пристап до јавни информации. Инспекторатот на 8 април, истиот ден кога е доделено унапредувањето, почна инспекциски надзор на постапката.

„Тука не станува збор за индивидуален случај, туку за добро организирана шема. Покрај прекршувањата на Законот за високото образование, упатуваме апел до Јавното обвинителство да ги истражи можните кривични прекршувања како злоупотреба на службена должност, потенцијално фалсификување на документи, како и конфликт на интереси“, рече на конференција за медиумите Ходаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ